Еко Радио Музика Соло проект на музичарот Вито Славевски

Соло проект на музичарот Вито Славевски

Соло проект на музичарот Вито Славевски post thumbnail image
Сподели

 

Еко радио дознава дека во подготовка е првиот соло проект на пробиштипскиот музичар Вито Славевски.Се работи на поп-рок балада насловена „The end“.

Додека го очекуваме овој проект Вито може да го слушаме како вокал во групата  Еуфорија“ со која група покрај многуте песни ја имаат и популарната нумера „Прича о љубави“посветена на Бора Ѓорѓевиќ,кој со својата Рибља чорбана 24-ти овој месец доаѓа во Пробиштип.

Почетоци на музичката кариера

Вито Славевски:Растев со музика и пројавив интерес и желба некаде на седум-осум годишна возраст.За прв пат засвирев во оркестар во основно училиште ,кога и родителите ми ја купија првата акустична гитара.Се сеќавам на првите песни кои научив да ги свирам на гитарата а тоа беа „Поздрави је поздравии песната Џули“од Даниел Поповиќ.

Дипломирав на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје,но љубовта кон музиката никогаш не згасна,секако освен љубовта кон музика според мене непходно е да поседуваш талент за пеење,голема посветеност и истрајност во она кое го работиш,сето ова е клучно за добра музичка кариера.

Поп-рок балада „The end“

„The end“ е модерна балада а музиката и текстот се дело на самиот изведувач.Песната ке биде во продукција на Мирослав Милковски.

 


Сподели

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *