Отворена ретроспективна изложба на слики на Владимир Ѓеоргиевски,на јавноста познат како еден од најистакнатите современи македонски сликари и професор на Архитектонски факултет,кој зад себе остави скапоцена ризница од уметничко богатство.
Последната изложба насловена Страдањата на Дон Кихот ја одржа во 2016 година во месец април ,која беше поставена во Музејот на град Скопје,а потоа истата година во јуни беше претставена и во театарот Палас во Париз.Изложбата беше дел од големото одбележување на 400 години од смртта на најголемиот шпански писател Мигел де Сервантес.
Георгиевски е роден 1942 Скопје. Во 1963 завршил Училиште за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968 година.
Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколкупати е наградуван и за неговата работа во театар.
Изложбата се состои од дела на уметникот, кој почина во 2017,работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја кои од денес се поставени во целиот галериски простор на Музеј на град Кратово.
На денешното отварање на изложбата,беа присутни голем број на кратовчани.Сите коишто денеска не беа во можнист да ја посетат изложбата ,делата ке може да ги разгледаат до крајот на овој месец,во ликовниот салон при Музејот на град Кратово.
Директорот на Музејот во Кратово Драган Георгиевски ни изјави дека оваа изложба е значајна бидејки прави пресек во творештвото на професорот Ѓеоргиевски.