Општина Кратово во соработка со општина Пробиштип е во фаза на реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво одобрен од страна на Министерство за труд и социјална политика, а со поддршка од Светска банка.
Во завршна фаза е опремувањето на просториите на ОО Црвен Крст Пробиштип и нивно прилагодување за воспоставување на социјалната услуга Помош и нега во домот. Во рамки на проектот обучени се 14 негуватели од кои седум за општина Пробиштип и седум за општина Кратово. Давател на услугата ќе биде ОО Црвен Крст Пробиштип, а дефинирањето на услугата ќе биде дадена од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип и од ЈУ Центар за социјална работа Кратово со издавање на решенија за услугата.
На корисниците на социјалната услуга помош и нега во домот (лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе) ќе им се обезбедува помош за остварување на основни и инструментални активности.
За повеќе информации може да се обратите во ЈУ Центар за социјална работа- Пробиштип и Кратово или во Канцеларијата на Општинската организација Црвен Крст- Пробиштип.