На сите ни се познати изреките„Какви ти се мислите, таков ти е животот“ или „Она што зрачиш, тоа привлекуваш“.
Како навистина мислите за себеси – таков и ќе ви излезе на крајот животот. Клучот за среќата или несреќата е она што човекот навистина го мисли за себе.
Има многу позитивни мисли од познати и непознати автори,кои прават да се чуствувате подобро,па еве едни од нив.
1.Ако не можеш да леташ,трчај.Ако не можеш да трчаш, оди.Ако не можеш да одиш,лази.Но што и да правиш,најважно е да НЕ престануваш да се движиш.
2.Живеј за моментите кои нема да можеш да ги напишеш со зборови.
3.Не можете да се пронајдете себеси во минатото или иднината.Единственото место каде може да се пронајдете е сегашниот миг.
4.Насмевката привлекува,смејте се.
Па луѓенца хранете ја вашата позитивност.Медитирајте,читајте книги,слушајте музика и поминувајте време со пријателите и семејството.
Бројни студии покажуваат дека среќата е заразна,затоа потрудете се околу вас да има секогаш луѓе кои внесуваат позитивни чувства,среќа и многу насмевки.ИЗБЕРИ СРЕЌА!