По стабилизирање на временските прилики, општина
Пробиштип ќе изврши уште едно теристичко третирање против
комарци . Според изгласаната програма за заштита на населението
од заразни болести од страна на советниците во Советот на
општина Пробиштип, до сега на територијата на нашата општина
се реализирани 4 третирања против комарци , од земја со возило
и тоа едно во месец јуни и три во месец јули, на 06-ти, 13-ти и 27 –
ми .
Следејќи ја донесената програма , на територијата на
Пробиштип и пробиштипско, беа реализирани и две авионски
прскања, и тоа во последниот ден од јуни и на 30-ти јули.
Според информациите од Локалната самоупрва, за прв пат
годинава, двапати ќе бидат спроведени санитарни мерки за
уништување на глодарите , така да по онаа во месец мај, втората
дератизација ќе биде реализирана до крајот на месец септември .
Законски секоја општина задолжително треба да спроведе
дезинсекција и дератизација, за кои нешта по изготвената прогрма
за заштита на населението од заразни болести, од буџетот на
општината , години наназад се издвојуваат околу 1 милион и 100
000 денари, од кои годинава според добиениот тендер , средствата
отидоа кај фирмите Бони ер од Куманово за авионските прскања
против комарци и Лиса ком од Кавадарци за теристичките
прскања против комарците и дератизација на детектираните места
во општината .
Општина Пробиштип ќе изврши уште едно теристичко третирање против комарци
Categories: