ТРАДИЦИОНАЛНО И ОВАА ГОДИНА ДРУШТВОТО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА АКУМУЛАТОРИ ТАБ МАК ДООЕЛ ПРОБИШТИП ВО РАМКИ НА ДЕНОВИ НА ОТВОРЕНИ ВРАТИ ДЕНОВИВЕ ОРГАНИЗИРА ПОСЕТИ НА УЧЕНИЦИ,ПЕНЗИОНЕРИ ОД ОПШТИНАТА И ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВАТА ВРАБОТЕНИ ВО ФАБРИКАТА.
ВЧЕРА (12.12.2023) БЕШЕ ПРВИОТ ДЕН НА НАСТАНОТ ОТВОРЕНИ ВРАТИ СО ПОСЕТА НА ВКУПНО 80 УЧЕНИЦИ ОД ООУ БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ ПРОБИШТИП И ОД ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ЗЛЕТОВО.УЧЕНИЦИТЕ ГИ ПОСЕТИЈА ПРОЗВОДСТВЕНИТЕ ПОГОНИ,КАДЕ СЕ ЗАПОЗНАА СО РАБОТНАТА АТМОСФЕРА,УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА А ОД СТРАНА НА ОДГОВОРНИТЕ ЛИЦА ВО КОМПАНИЈА БЕА ПОДЕТАЛНО ЗАПОЗНАЕНИ СО МАШИНСКИОТ ПАРК КАКО И СО ФАЗИТЕ НА ПРОИЗВОСТВО НИЗ КОЈ ШТО ТРЕБА ДА ПОМИНАТ СИТЕ ЕЛЕМЕНТАРНИ ПОГОНИ ЗА НА КРАЈ ОД НИВ ДА ПРОИЗЛЕЗЕ АКУМУЛАТОР.,
ТРАДИЦИОНАЛНО КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА ИСТО ТАКА И ОВАА,СЕ ОРГАНЗИРА НАСТАН ПОД ЛОГОТО ДЕНОВИ НА ОТВОРЕНИ ВРАТИ ПО ПОВОД УСПЕШНО ЗАВРШЕНА ГОДИНА ВО НАШАТА КОМПАНИЈА.НАШАТА ЦЕЛ Е СО ОВОЈ НАСТАН ДА ПОКАЖЕМЕ НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ И СИТЕ КОЈ ШТО СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА ДОЈДАТ ДА ЈА ПОСЕТАТ КОМПАНИЈАТА ДА ВИДАТ КАКО РАБОТИМЕ И КАКО СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ,КАКО СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И КАКО СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО И БЕЗБЕДНОСТА НА НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ.
ПА ТАКА ТРИ ДЕНА СО ПОСЕТА НА УЧЕНИЦИ,ВТОРИОТ ДЕН СО ПОСЕТА НА ПЕНЗИОНЕРИ И ТРЕТИОТ ДЕН СО ПОСЕТА НА НАШИТЕ СЕМЕЈСТВА КЕ ОДБЕЛЕЖИМЕ УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНА ЗА КОМПАНИЈАТА ТАБ МАК -РОБЕРТ ФИЛИПОВСКИ РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА И ЖИВОТНА СРЕДИНА.
ДЕНЕСКА (13.12.2023) ФАБРИКАТА ЈА ПОСЕТИЈА ГОЛЕМ БРОЈ НА ПЕЗНИОНЕРИ ОД ОПШТИНА ПРОБИШТИП ОД КОИ ИМАШЕ И ПОРАНЕШНИ ВРАБОТЕНИ ВО ФАБРИКАТА ВЕЌЕ ПЕНЗИОНИРАНИ ЛИЦА,КОИ БЕА ИЗНЕНАДЕНИ ОД РАЗЛИКАТА ВО ТЕХНОЛОШКИОТ ПРОЦЕС,ХИГЕНАТА НА ПОГОНИТЕ НО И ОД НАЧИНОТ НА КОЈ Е ИМПЛЕМЕНТИРАНА БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА.
СО СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ КОМПАНИЈАТА ТАБ МАК ГО ПОКРИВААТ ПАЗАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА, А 97 ПРОЦЕНТИ ОД ПРОИЗВОДСТВОТО Е НАМЕНЕТО ЗА ПАЗАРИТЕ ВО ШПАНИЈА, ИТАЛИЈА, ФРАНЦИЈА, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, БЛИСКИОТ ИСТОК, А СЕ СТРЕМАТ И КОН ПАЗАРОТ ВО АМЕРИКА И ДРУГИ ПАЗАРИ ВО СВЕТОТ. ТАБ МАК ВО 2021 ГОДИНА БЕШЕ 24-ТА НАЈУСПЕШНА КОМПАНИЈА И 25-ТА НАЈГОЛЕМА КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА КОЈА ОСТВАРУВА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО.