Еко Радио Здравство,Кратово,Новости,Пробиштип,Хуманотарни акции Општина Кратово во соработка со општина Пробиштип е во фаза на реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво

Општина Кратово во соработка со општина Пробиштип е во фаза на реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво

Општина Кратово во соработка со општина Пробиштип е во фаза на реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво post thumbnail image
Сподели

Општина Кратово во соработка со општина Пробиштип е во фаза на реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво одобрен од страна на Министерство за труд и социјална политика, а со поддршка од Светска банка.
📍Во завршна фаза е опремувањето на просториите на ОО Црвен Крст Пробиштип и нивно прилагодување за воспоставување на социјалната услуга Помош и нега во домот. Во рамки на проектот обучени се 14 негуватели од кои седум за општина Пробиштип и седум за општина Кратово. Давател на услугата ќе биде ОО Црвен Крст Пробиштип, а дефинирањето на услугата ќе биде дадена од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип и од ЈУ Центар за социјална работа Кратово со издавање на решенија за услугата.
✅ На корисниците на социјалната услуга помош и нега во домот (лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе) ќе им се обезбедува помош за остварување на основни и инструментални активности.
ℹ️ ℹ️За повеќе информации може да се обратите во ЈУ Центар за социјална работа- Пробиштип и Кратово или во Канцеларијата на Општинската организација Црвен Крст- Пробиштип.

Сподели

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични новости

Избери СРЕЌАИзбери СРЕЌА

Сподели        На сите ни се познати изреките„Какви ти се мислите, таков ти е животот“ или „Она што зрачиш, тоа привлекуваш“. Како навистина мислите за себеси – таков и ќе ви

Поставување на тартан подлоги на двете спортски игралишта во ООУ Никола Карев Пробиштип.Поставување на тартан подлоги на двете спортски игралишта во ООУ Никола Карев Пробиштип.

Сподели       Во тек е поставување на тартан подлоги на двете спортски игралишта во основното училиште “Никола Карев” Пробиштип. Во оваа фаза ќе се работи на игралиштето за фудбал, додека на игралиштето

Отворена ретроспективна изложба на слики на Владимир Ѓеоргиевски во галерискиот простор на Музеј на град Кратово.Отворена ретроспективна изложба на слики на Владимир Ѓеоргиевски во галерискиот простор на Музеј на град Кратово.

Сподели       Отворена ретроспективна изложба на слики на Владимир Ѓеоргиевски,на јавноста познат како еден од најистакнатите современи македонски сликари и професор на Архитектонски факултет,кој зад себе остави скапоцена ризница од уметничко богатство.