Еко Радио Здравство,Кратово,Новости,Пробиштип,Хуманотарни акции Општина Кратово во соработка со општина Пробиштип е во фаза на реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво

Општина Кратово во соработка со општина Пробиштип е во фаза на реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво

Општина Кратово во соработка со општина Пробиштип е во фаза на реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво post thumbnail image
Сподели

Општина Кратово во соработка со општина Пробиштип е во фаза на реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво одобрен од страна на Министерство за труд и социјална политика, а со поддршка од Светска банка.
📍Во завршна фаза е опремувањето на просториите на ОО Црвен Крст Пробиштип и нивно прилагодување за воспоставување на социјалната услуга Помош и нега во домот. Во рамки на проектот обучени се 14 негуватели од кои седум за општина Пробиштип и седум за општина Кратово. Давател на услугата ќе биде ОО Црвен Крст Пробиштип, а дефинирањето на услугата ќе биде дадена од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип и од ЈУ Центар за социјална работа Кратово со издавање на решенија за услугата.
✅ На корисниците на социјалната услуга помош и нега во домот (лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе) ќе им се обезбедува помош за остварување на основни и инструментални активности.
ℹ️ ℹ️За повеќе информации може да се обратите во ЈУ Центар за социјална работа- Пробиштип и Кратово или во Канцеларијата на Општинската организација Црвен Крст- Пробиштип.

Сподели

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични новости

Избери СРЕЌАИзбери СРЕЌА

Сподели        На сите ни се познати изреките„Какви ти се мислите, таков ти е животот“ или „Она што зрачиш, тоа привлекуваш“. Како навистина мислите за себеси – таков и ќе ви

ДЕНОВИ НА ОТВОРЕНИ ВРАТИ ВО ФАБРИКАТА ТАБ МАК ВО ПРОБИШТИП.ДЕНОВИ НА ОТВОРЕНИ ВРАТИ ВО ФАБРИКАТА ТАБ МАК ВО ПРОБИШТИП.

Сподели        ТРАДИЦИОНАЛНО И ОВАА ГОДИНА ДРУШТВОТО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА АКУМУЛАТОРИ ТАБ МАК ДООЕЛ ПРОБИШТИП ВО РАМКИ НА ДЕНОВИ НА ОТВОРЕНИ ВРАТИ ДЕНОВИВЕ ОРГАНИЗИРА ПОСЕТИ НА УЧЕНИЦИ,ПЕНЗИОНЕРИ ОД ОПШТИНАТА И ЧЛЕНОВИ