Општина Кратово ги реализира традиционалните Денови на култура.
11 Јуни (недела) – Централен настан на манифестацијата Меѓународен фолклорен фестивал „РАЗИГРАНО КРАТОВО“ кој ќе започне во 16:30 ч. со дефиле во центарот на градот, 17:30 ч. културно уметничка програма пред Плато на Дом на култура „Лазар Софијанов“.
Учесници:
КУД „Ефрем Каранов“ – Кратово (4 групи)
КУД „Ристо Донев Учителот“ – Штип
КУЗ „Карпош“ – Крива Паланка
КУД „Григор Прличев“ – Скопје
Ф.А. Етно Ѕуница – општина Петровец – Скопје
КУД „Диша Џурџевич“ Вреоци – Лазаревац – Р.Србија
Ќе се приготвуваат мекици – теганици под сач за сите присутни гости.
12 Јуни (понеделник) – Семинар за традиционална музика и игра ШОПЦИ/КОТОРЦИ во Мултимедијален центар – Кино сала со почеток од 19:00 часот.
13 Јуни (вторник) – Целовечерен концерт на Н.У. Ансамбл за народни игри и песни ТАНЕЦ во Мултимедијален центар – Кино сала со почеток од 20:00 часот.
Related