Еко Радио Новости,Пробиштип ПЕТДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА 57 ВРАБОТЕНИ ВО ФАБРИКАТА ТАБ МАК ДООЕЛ ПРОБИШТИП

ПЕТДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА 57 ВРАБОТЕНИ ВО ФАБРИКАТА ТАБ МАК ДООЕЛ ПРОБИШТИП

ПЕТДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА 57 ВРАБОТЕНИ ВО ФАБРИКАТА ТАБ МАК ДООЕЛ ПРОБИШТИП post thumbnail image
Сподели

На покана на ТАБ Груп, по повод Денот на групацијата на ТАБ, 01.07.2023 година, Друштвото за производство на акумулатори ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип, организираше петдневна екскурзија за 57 свои вработени кои заминаа во Словенија на 28.06.2023 до 03.07.2023.

Вработените на ТАБ МАК, во петдневната екскурзија, првата вечер беа сместени во Ски центарот Копе Словенија, кој се наоѓа на надморска височина до 1542 м, во Грмовшков Дом, каде што можеа да уживаат на свежиот воздух и природните убавини на Словенија.
Вработените имаат можност за посета на фирмата GKM DRIVELINE SLOVENIJA, каде што се употребува системот Lean production во пракса.
За време на петдневната екскурзија се посетиjа и фирмите на ТАБ, во сите три производствени програми TAB IB – Žerjav, TAB TOPLA во Črna na Koroškem, и Li-ion во Prevalje.Целата програма и екскурзија беше поучна, со многу позитивна енергија и емоција, со нови идеи на подвидок, кои ќе се применат во понатамошната работа на ТАБ МАК.Вработените на ТАБ МАК ja посетија и Јамата во Межица, каде што имаат искуство да се возат со воз до рудникот и пешачат по туристичка рута, се запознаа со историјата, работата и животот во рудникот. Турнејата траеше 2 часа во рудничките тунели.Вработените од групацијата ТАБ, се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини:фудбал, одбојка, тенис, пикадо, фрлање на камен и влечење на јаже.

Вработените од ТАБ МАК, освоија повеќе награди:
Второ место пикадо жени
Второ место пикадо мажи
Трето место пикадо мажи
Трето место тенис
Второ место одбојка мажи
Трето место одбојка жени

Трето место влечење на јаже.

По завршување на спортските игри, забавниот дел од настанот продолжи под шатор, со музички настапи на групата MAMBO KINGS И Ансамблот HOPLA.
Настанот помина во позитивна и пријателска атмосфера, меѓусебно дружење и запознавање.
Од целокупната екскурзија вработените се вратија со позитивни впечатоци и повеќе самодоверба во натамошната работа.


Сподели

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични новости

Избери СРЕЌАИзбери СРЕЌА

Сподели        На сите ни се познати изреките„Какви ти се мислите, таков ти е животот“ или „Она што зрачиш, тоа привлекуваш“. Како навистина мислите за себеси – таков и ќе ви

Отворена ретроспективна изложба на слики на Владимир Ѓеоргиевски во галерискиот простор на Музеј на град Кратово.Отворена ретроспективна изложба на слики на Владимир Ѓеоргиевски во галерискиот простор на Музеј на град Кратово.

Сподели       Отворена ретроспективна изложба на слики на Владимир Ѓеоргиевски,на јавноста познат како еден од најистакнатите современи македонски сликари и професор на Архитектонски факултет,кој зад себе остави скапоцена ризница од уметничко богатство.