Еко Радио Новости Општина Пробиштип ќе изврши уште едно теристичко третирање против комарци

Општина Пробиштип ќе изврши уште едно теристичко третирање против комарци

Општина Пробиштип ќе изврши уште едно теристичко третирање против комарци post thumbnail image
Сподели

По стабилизирање на временските прилики, општина
Пробиштип ќе изврши уште едно теристичко третирање против
комарци . Според изгласаната програма за заштита на населението
од заразни болести од страна на советниците во Советот на
општина Пробиштип, до сега на територијата на нашата општина
се реализирани 4 третирања против комарци , од земја со возило
и тоа едно во месец јуни и три во месец јули, на 06-ти, 13-ти и 27 –
ми .
Следејќи ја донесената програма , на територијата на
Пробиштип и пробиштипско, беа реализирани и две авионски
прскања, и тоа во последниот ден од јуни и на 30-ти јули.
Според информациите од Локалната самоупрва, за прв пат
годинава, двапати ќе бидат спроведени санитарни мерки за
уништување на глодарите , така да по онаа во месец мај, втората
дератизација ќе биде реализирана до крајот на месец септември .
Законски секоја општина задолжително треба да спроведе
дезинсекција и дератизација, за кои нешта по изготвената прогрма
за заштита на населението од заразни болести, од буџетот на
општината , години наназад се издвојуваат околу 1 милион и 100
000 денари, од кои годинава според добиениот тендер , средствата
отидоа кај фирмите Бони ер од Куманово за авионските прскања
против комарци и Лиса ком од Кавадарци за теристичките
прскања против комарците и дератизација на детектираните места
во општината .


Сподели

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични новости

Денови на култура во КратовоДенови на култура во Кратово

Сподели       Општина Кратово ги реализира традиционалните Денови на култура. 11 Јуни (недела) – Централен настан на манифестацијата Меѓународен фолклорен фестивал „РАЗИГРАНО КРАТОВО“ кој ќе започне во 16:30 ч. со дефиле во

Поставување на тартан подлоги на двете спортски игралишта во ООУ Никола Карев Пробиштип.Поставување на тартан подлоги на двете спортски игралишта во ООУ Никола Карев Пробиштип.

Сподели       Во тек е поставување на тартан подлоги на двете спортски игралишта во основното училиште “Никола Карев” Пробиштип. Во оваа фаза ќе се работи на игралиштето за фудбал, додека на игралиштето